Силен земјотрес го потресе турскиот град Чанаккале , објавија локалните медиуми. Силината на земјотресот е 5.3 на Рихтер.
Земјотресот се почувствува во густо населените мегаполиња во Истанбул, Бурса и Измир. Нема докази за повредени лица и материјална штета.
Според американското геолошко истражување, земјотресот бил со јачина од 5,1 степени, објави Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 20 километри јужно од Чанаккале во областа Иџагу.
