350
Силен земјотрес, со јачина од седум степени според Рихтеровата скала, ја погоди американската држава Алјаска, објави денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил на длабочина од десет километри, соопшти ЕМСЦ, пренесува „Ројтерс“.
Засега нема извештаи за жртви или материјална штета, а не е издадена ниту опасност од цунами.