Силен земјотрес ја погоди БиХ

од Nikola Popovski
18 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран во 08:33 часот по локално време, на 10 километри од Жепче, односно 21 километар од Зеница.

На објавата коментирале граѓаните кои го почувствувале земјотресот.

„Се се тресеше, сите излеговме надвор“, „Краток и силен удар“, „На втор кат сум, ме разбуди од сон“, „Ме исфрли од кревет, се се тресеше“, се само дел од коментарите на граѓаните.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Слични содржини