Силен земјотрес ја погоди Јапонија

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди денеска јапонската префектура Ишикава, на западот на земјата, соопштија локалните власти.

По земјотресот не е издадено предупредување за цунами, објави „Кјодо“.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.