Силен земјотрес ја погоди југозападна Франција

од Vladimir Zorba
817 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди југозападна Франција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Според веб-страницата на ESMC, земјотресот се случил во близина на градот Сиржер, на длабочина од 15 километри, 126 километри југоисточно од Нант.

Засега нема информации за материјална штета.

Слични содржини