257
Југозападна Кина, недалеку од границата на земјата со Мјанмар, денеска беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот беше на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 28 километри од градот Дали во кинеската провинција Јунан.
Кинеските медиуми јавуваат дека едно лице е убиено, а неколку се повредени.
Областа Јунан е позната како земјотресна област, така што минатата година таму беше регистриран земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, кога загинаа четири лица.
На социјалните мрежи се појавија снимки од овој земјотрес, кои покажуваат како се тресе сè, како и луѓето кои паничиле за време на земјотресот.