Силен земјотрес ја погоди Турција

од Radmila Tasevska
364 прегледи

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Турција, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран на 33 километри југоисточно од Малатија, на длабочина од осум километри.

Само три минути подоцна, нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај Адијаман, исто така во источна Турција.

Слични содржини