Силен земјотрес ја погоди Турција: 5,1 степен по Рихтер го погоди западното крајбрежје

166 прегледи

Утрово, по серијата умерени земјотреси кои го погодија западното турско крајбрежје, на границата помеѓу Турција и Грција, во 9:35 се случил силен земјотрес, чија магнитуда е измерена од 5,1 степени во Рихтер.

Земјотресот се случил на 104 километри северозападно од Измир, и на 17 километри од Пломари во Грција.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Утрово на истото подрачје се случиле и шест помали земјотреси. Првите три со јачина од 4,8 степени, додека потоа следувале антишокови и земјотреси од 3,2 и 3,3 степени, за сега последниот да биде најсилен.

Слични содржини