219
Најмалку три лица загинаа, а уште неколку се повредени кога земјотрес, чија јачина прелиминарно се проценува на 4,9 степени според Рихтеровата скала, утринава го погоди јужниот дел на Хаити, соопштија властите.
Земјотресот се случи пред зори во близина на крајбрежниот град Џереми, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
Телата на тројцата мртви се пронајдени под урната куќа, изјави за АП Франкел Мегинер, од Агенцијата за цивилна заштита на Хаити во Џереми.