209
Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, каде локалното население почувствувало потрес, објави на својата веб-страница денес Генералниот директорат на Министерството за вонредни состојби за регионот Камчатка.
Епицентарот бил на 136 километри источно од областа Петропавловск-Камчатски, пренесува ТАСС.
Magnitude 6.0 earthquake strikes Kamchatka coast https://t.co/l9AWMRwwed
— ExBulletin (@ExBulletinUk) July 13, 2021
Во одделните окрузи на Петропавловск-Камчатски се почувствуваа потреси до 4,0 степени по Рихтер.
Како што се наведува, немало повици од локални граѓани за вонредни ситуации во регионот.
Според податоците на регионалниот оддел за вонредни ситуации, не е евидентирана материјална штета.