Силен земјотрес од 6,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Панама

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот брег на Панама, во близина на границата со Костарика во четвртокот. Досега не се добиени извештаи за штети и не се очекува цунами.

Според извештајот на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил 321 километар југоисточно од главниот град на Костарика, Сан Хозе, со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, а земјотресот се случил на длабочина од два километра.

Според мерењата на американскиот геолошки институт, земјотресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала.

„Го почувствувавме земјотресот скоро низ целата земја, но нема штети на јавната инфраструктура или повредени“, рече Александар Солис, шеф на Костариканската комисија за итни случаи.

Првиот земјотрес беше проследен со уште еден силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, објави ЕМСЦ, пренесува Хина.

Слични содржини