Силен земјотрес во Иран, има повредени

од desk2
145 прегледи

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Иран, а повредени се десетици луѓе и причинета е значителна материјална штета, јавија иранските медиуми.

Американскиот геолошки институт јави дека земјотресот е со јачина од 6 степени.

Според иранските медиуми, повеќето од 42 повредени се со полесни повреди, а најмногу се поради бегањето да најдат засолниште.

Оштетени се десетици објекти во зафрлени планински села близу епицентарот, во градот Хоџек, на околу 1.100 километри југоисточно од главниот град Техеран.

Тој град, околу кој има фарми и рудници за јаглен често е погодуван од земјотреси, а има 3.000 жители.

Оформен е кризен штаб, а на лице место се екипи на Црвениот крст и полиција.

По посилниот земјотрес следеле помали од 5,1 и 4 степени.

Според надлежните патиштата до таму се блокирани, а ѕидовите од куќите се паднати.

Во ноември земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди западен Иран кога загинаа 530 луѓе, а земјотрес со јачина од 6,6 степени во 2003 година го срамни со земја градот Бам, кога настрадаа 26.000 луѓе.