Силен земјотрес во Иран, најмалку 1 жртва и 30 повредени

од Nikola Popovski
162 прегледи

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени при земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужен Иран, јавуваат иранските медиуми.

Земјотресот го погоди подрачјето на 22 километри североисточно од островот Киш во провинцијата Хормозган во 8.07 часот по локално време, на длабочина од 22 километри, јавува иранската државна агенција ИРНА.

Повредени се 31 лице, информира локалниот здравствен претставник и истакна дека повеќето се здобиле со полесни повреди при обидот да избегаат.

Островот Киш се наоѓа во Персискиот Залив и е на околу 1.025 километри јужно од Техеран.

Послаби земјотреси се регистрирани на островот неколку пати во изминатите десет дена, соопштија тамошните власти.

 

Слични содржини