Силен земјотрес во Индонезија

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Источна Јава во Индонезија, соопшти индонезиската агенција за следење на земјотресите.

Се наведува дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, пренесе „Ројтерс“.

Додаваат дека земјотресот нема потенцијал да предизвика цунами.

Засега нема информации за евентуални жртви и штети.

Слични содржини