Се работи за тн. оставки или симулација на оставки, бидејќи Уставот е јасен секој министер може да поднесе оставка и преку премиерот истата се дсотавува до претседателот на Собранието, а тој веднаш и ги доставува до пратениците и на следната седница се констатираат оставките, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на Канал 5, а коментирајќи ги условените оставки на министрите на ДУИ, кои би се ефектуирале доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот.
Според неа нивниот чекор е само „политички маневар“.
Силјановска се осврна и на тоа што значи Бугарија да има нови барања по промената на Уставот на Македонија.
„Преговорите во рамки на тн. историска комисија се непресушен извор на барања истото е и во рамки на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или не договореното. „Значи господар на прстените е Бугарија“, кажа Силјановска.
„Прво ќе се прашаат граѓаните дали да се менува Уставот и да се внесат Бугарите“, вели Силјановска.