Професорката Гордана Силјановска Давкова, се обрати преку социјалната мрежа Фејсбук коментирајќи ја постапката на пратеникот на БЕСА, за непојавувањето на денешната седница за гласање доверба на Владата.
„Земја на чудата: отповиклива оставка, одложена оставка на неопределено време, отповиклив потпис…ама да си член на Беса и да си ја отповикаш Бесата е невидено и нечуено. Освен ако…????“, напиша професорката на Фејсбук.