Силјановска Давкова: Гоце Делчев е неразделен од македонскиот народ

од Nikola Popovski
38 прегледи

Веројатно во историјата нема да најдете човек за кој толку многу се пишувало, зборувало и за кој се плачело, радувало…Тоа покажува дека Гоце Делчев е неразделен од македонскиот народ. Токму затоа еве и 153 години потоа како да е жив и мислам дека и следните 153 години ќе продолжи гоцевата приказна, изјави претседателката Гордана Силјановска-Давкова за годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер.

Според претседателката, познатата порака на Гоце Делчев е најмирољубивата и најдемократска порака.

-Фактот е дека учителот во него го говори ова. Војводата во него требало да се избори за простор во кој што неговиот народ ќе може да се натпреварува со останатите преку зборови и знаење, а не со пушки. Самата сум израснала со Гоце. Мислам дека нема народ со повеќе Гоцевци – и мојот брат е Гоце. Значи повторувам дека аманет ни оставил да се натпреваруваме културно со останатите. Затоа мислам дека неговата мисла и знаење се уште е актуелно. Немаме друг избор освен да бидеме горди дека овде врвел и е дел од неговиот живот. Не можеме да го чествуваме во Кукуш, но го чествуваме овде. Сето тоа мислам дека е нешто што треба да не прави горди на Гоце. Ние сме Гоцеви, Гоце е наш – тоа било и ќе биде за век и веков, кажа Силјановска Давкова при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип каде положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, што се наоѓа пред ректоратот на универзитетот во Ново Село.

Слични содржини