Сиљановска-Давкова и Зеленски во телефонски разговор: Поддршка за праведен мир и најавен самит

од Марта Пешевска
8 прегледи

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше краток телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски ја информираше Сиљановска-Давкова за тековните дипломатски напори за постигнување праведен и одржлив мир во Украина. Таа изрази поддршка за секоја иницијатива што води кон крај на војната.

Украинскиот претседател ѝ се заблагодари за македонската поддршка и најави организирање на самит „Украина – Југоисточна Европа“ со лидерите од регионот.

Слични содржини