Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачи првата копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена.

од Vladimir Zorba
19 прегледи Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачи првата копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена.

Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис, проф. Дуртановски говореше за неговата важност за потврда на посебноста на македонскиот идентитет.

Со него, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател.

Дуртаноски посочи дека оригиналниот записник бил пронајден во Воениот архив во Виена, а потем реконструиран во Центарот за ракописни студии при европската христијанска академија, со којшто раководи.

Заблагодарувајќи се за копијата, Сиљановска-Давкова изрази почит кон неговата успешна работа во Летонија, кадешто предава христијанска палеографија, како и кон ангажманот ширум Европа. Во Привилегијата, таа препознава документ од особено значење за македонскиот народ и неговиот идентитет.

„Документот го потврдува она што повеќепати е докажано, но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за негово оспорување”, додаде претседателката.

Обајцата веруваат во важноста и ефикасноста на културната дипломатија, особено за малите држави.

Слични содржини