Сиљановска Давкова: Кирил порачал дека јазикот е код за разбирање, дека треба да се разбираме, да се обидеме да се слушаме, да се помагаме

од Vladimir Zorba
475 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

„Оддадовме почит на делото на апостолот заслужен за културниот развој на сите словенски народи. Кирил порачал дека јазикот е код за разбирање, дека треба да се разбираме, да се обидеме да се слушаме, да се помагаме. Кога вака доаѓаме едни по други, има ли поголем доказ дека тој на ум имал обединување на сесловенскиот свет. Тој им припаѓа на сите и мислам дека неговата порака е хумана порака. Посебна убавина на настанот му даде присуството на нашите луѓе од Италија, па дури и од Австрија. Свети Кирил и овде нѐ обедини“, сподели .

Слични содржини