Силјановска Давкова ќе ја има првата средба како шефица на државата

од Nikola Popovski
347 прегледи

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска ќе одржи прва официјална средба, откако вчера стапи на новата функција. Шефицата на државата во 14 часот ќе се сретне со ректорите на државните универзитети.

Како што најавија од претседателкиот кабинет, претседателката ќе ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје.

Силјановска-Давкова е шестата македонска претседателка. За прв во историјата на нашата независност, по петмината мажи, државата ќе ја води жена, која ќе биде и врховен командант на вооружените сили.

Со највисоки воени и државни почести, на церемонија на примопредавањето на претседателската функција, претседателката беше пречекана од својот претходник Стево Пендаровски кој оваа функција ја извршуваше во изминатите пет години.

Заеднички зачекорија по црвената патека каде довчерашните ривали си подадоа рака и одржаа заедничка тет-а-тет средба.

Слични содржини