Силјановска Давкова ќе се придружува до уставното име, велат од Кабинетот на претседателката

од Nikola Popovski
286 прегледи

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела, велат од Кабинетот на Гордана Силјановска-Давкова преку соопштение поради големиот број реакции, како од домашната јавност, така и од соседите и од институциите при ЕУ.

Во соопштението се додава дека претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

-Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.

Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, додаваат од новиот Кабинет на новоизбраната претседателка.

Слични содржини