Силјановска-Давкова „не може со сигурност да каже“ дали повторно ќе се кандидита за претседател

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Не можам со сигурност да кажам, рече пратеничката Гордана Силјановска-Давкова, во одговор на прашањето дали повторно ќе биде кандидатка за претседател на државата на претстојните избори.

Во емисијата „360 степени“ на МРТ1 таа посочи дека размислува за ова прашање и оти има многу дилеми. Решавачки за неа ќе бидат разговорот со семејството, нејзината лична промисла, како и анализата на нејзината улога како пратеничка во Собранието.

-Не велам – не, бидејќи ќе биде неодговорно потоа да ме потсетувате дека сум рекла не. Ама не сум сигурна, вели Силјановска-Давкова.

Таа наведе и дека со Мицкоски не разговарале на оваа тема, дека меѓу нив двајца има заемен респект и дека таа никогаш не разговара за нешта во кои треба нешто да иницира или понуди, велејќи дека не сака да врши притисок или да влијае на некои настани.

Слични содржини