Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Рим на средбата со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела побарала гаранции за европската иднина на државата.
-Побарав од италијанскиот претседател и од Италија на натамошниот пат да помогнат околу давање гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е подготвен да застане зад нас се разира и во барањето на решенија со соседите, изјави Сиљановска Давкова по средбата со Матарела.
Таа средба ја оцени како плодна и конструктивна. На неа разговарале за сестраната соработка во период од 30 години, не само со нас, туку и со целиот регион на Западен Балкан.
-Претседателот рече дека Италија ќе продолжи да го поддржува регионот, да не поддржува нас, во секој поглед, не само во евроинтеграциите, туку и во економијата, обраозванието, културата, одбраната, па и италијанското и нашето членство во меѓународни организации, рече Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека на средбата ја импресионирало тоа што Матарела покажал длабоко разбирање за направените жртви на земјава во процесот на евроитеграциите.
-Напомена дека во моментов не може да зборуваме дека има големи и мали држави во ЕУ, дека сите се мали и дека сите имаат потреба едни од други. Постигнавме согласност дека европските стандарди треба да се почитуваат од сите и од оние надвор, како од оние што се внатре, рече Сиљановска Давкова.
Со средбата со Матарела таа го завршува официјалниот дел на посетата на Рим и Ватикан во рамки на честувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, на која беше на аудиенција кај папата Франциск, а денеска присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил во базилијата „Свети Климент“, а потоа положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликта „Санта Марија Маџоре“.
Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, по победата на претседателските избори на 8 мај.