Сиљановска Давкова помилува осум затвореници за Илинден

од Nikola Popovski
66 прегледи Фото: Фејсбук

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица по повод државниот празник 2 Август – Илинден.

Со оваа одлука, четири лица се целосно ослободени од понатамошно издржување на затворската казна:

-Раде Здравко Јовановиќ од село Криволак, Општина Неготино

-Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци

-Николче Љубе Костадиновски од Куманово

-Зејадин Сали Мифтари од село Черкезе

Дополнително, уште четворица осуденици добија делумно помилување, односно намалување на затворската казна:

-Емир Надир Јонузи од село Слатино, Тетово – за 3 месеци

-Коле Петре Талевски од Битола – за 3 месеци

-Чушков Јордан Сашо од Велес – за 3 месеци

-Исмаили Џелал Јетмире од Гостивар – за 6 месеци

Одлуката е донесена врз основа на член 84 од Уставот и Законот за помилување. Таа веднаш стапува во сила и ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Комисијата за помилување на претседателот на Македонија, како постојано работно тело во служба на претседателот, на редовни седници поединечно ја разгледува секоја пристигната молба за помилување заедно со предлогот на министерот/министерката за правда. Постапката за евентуално помилување на осудени лица од страна на претседателот, започнува со поднесување молба за помилување до судот којшто ја донел првостепената судска одлука.