Силјановска Давкова: Реакцијата за случајот со ЈСП беше брза оти кризата е предлабока

од Nikola Popovski
177 прегледи

Универзитетската професорка и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова смета дека тоа што се случи денеска со јавниот градски превоз е крајно невообичаено.

-Колапсот веројатно е во реакциите секогаш, а не проактивно. Треба да се предвиди она што ќе се случи и во случајов надлежноста е на градско ниво. Што се случува во Советот и на линија јавно претпријатие-градоначалник и директорот не знам, но знам дека луѓето имаат право на пристоен живот. Реакцијата е брза затоа што е предлабока кризата. Поинаку реагираат луѓето кога имаат пристоен живот. Кризата не е три дена, туку е одамна и се разбира дека се работи за преживување. Имам разбирање за граѓаните. Јас можам да одам пешки бидејќи живеам во центарот на градот и задоволство ми е да гледам луѓе и природа и секој ден си бирам друга уличка, ама ги замислувам тие кои што живеат далеку од работното место, рече Давкова во емисијата „Само интервју“.

Таа додаде дека отсекогаш заговарала на директорските функции на јавните претрпријатија да се доаѓа по конкурс врз основа на стручност и компетентност.

-Многу тешко се менува еден систем, времето е кусо. Тешко е да се лоцира одговорноста во однос на случајот со ЈСП Скопје, смета Силјановска-Давкова.

Слични содржини