Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Гордана Силјановска-Давкова во рекорден рок ги собрала потребните 30 потписи на пратениците за нејзината кандидатура. Вели дека е импресионирана од тоа и им се заблагодари на нејзините колеги од партијата.
За одлуката вели „долго време ѝ требало да измери“ за да поднесе документи за кандидатура.
-Од објективни причини е поради резултатите од минатите избори. Кога ќе добиете некаде 380 илјади гласови тоа е големо признание, не само од партиските членови, туку и од граѓаните. Второ, состојбата во која се наоѓаме. Многу ме боли што другите држави, дури оние и во ЕУ, повеќе не ценат отколку самите себеси. Сите сме во агонија. Исто така време е за женска димензија во политиката, време е за консензус, без разлика на верска и партиска припадност, рече пратеничката во изјава пред Собранието.
Субјективната причина за одлуката е, вели, затоа што во Собранието видела дека тоа што го предава како професорка, не функционира.
-Кога на клучни функции има жени, а тие помалку учествувале, тогаш се можни промени. Најмаргинализираните групи ќе бидат пред мене и без владеење на правото и без радикални промени, ние нема да исчекориме напред. Мораме да воспотавиме механизам на граѓанска држава, кажа Силјановска-Давкова.