Сиљановска – Давкова за трагедијата во Кочани: „Не можам да сфатам како е можно ова да се случи“

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети болниците во Скопје – „Свети Наум Охридски“, „8 Септември“ и Клиничкиот центар, каде што посети дел од повредените во утринскиот страотен пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој според досегашните информации загинало 51 лице.

Сиљановска Давкова во изјава за медиуми пред „Св. Наум Охридски“ изрази уверување дека повеќето што се повредени ќе се спасат.

-Ништо не можам да кажам, страшно. Знам дека тоа се млади храбри луѓе. Верувам дека повеќе од нив ќе се спасат лекарите се тука. Не можам да сфатам како е можно ова да се случи. Некои од кои од нив и контактираат, ама тоа е, рече Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека ја споделува болката со родителите, додајќи дека не може да поверува како ова се случило.

-Ова е нешто мора однапред да се предвиди, бидејќи не е првпат да сме се соочиле со вакво нешто, рече Сиљановска Давкова.

Слични содржини