Тие лентите не се многу големи. Разговаравме во Кабинетот и имавме различни мислења меѓу себе. Јас имав мислење дека може да биде и РС Македонија, на пример, но некако на крајот рековме дека можеби и јас како на чело на делегацијата, дека би можело и ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки. Ги разбирам многу нив и ги разбирам дел од нив бидејќи Македонија ја претставуваме, изјави шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова околу реакциите откако положи венец на спомен-плочата на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј на кој не го пишуваше името на државата.
-Сепак во време, после мојот говор и избегнување на говорницата на официјалното име на државата и определувањето за Македонија врз правото за самоопределување, се одлучивме за ова решение. Не мислам дека тоа е не знам каков проблем, ниту негирање на државата, ниту Македонија. Се знае кои сме и ние и која е делегацијата, кажа Сиљановска-Давкова, истакна Давкова во изјава за медиумите.
На лентата на венецот што шефицата на македонската држава го положи, пишуваше само „претседателка Гордана Сиљановска Давкова“ без да се наведе името на државата.
Сиљановска Давкова ја предводеше државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.