Сиљановска: Грбот има симболи кои повеќе укажуваат на географијата отколку на нешто што било белег низ историјата

од Nikola Popovski
165 прегледи

Шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова оценува дека треба да се биде претпазлив околу промената на државните симболи. Ако ме прашувате за химната, вели претседателката, апсолутно мислам дека нема потреба од промена.

-Химната никогаш не одразува сегашност туку секогаш изразува историска меморија, генеза и ние немаме право….Јас не сум чула луѓе да менуваат, дури и во рамките на ЕУ, во обидот да се донесе Уставот во 2005 година, беше предвидена химна, но не дојде до тоа. Сите народи низ историјата креирале песни или химни кои се најважниот државен симбол. Текстовите на химните во најголемиот број на држави се во Уставот. И описот на знамето во најголемиот број на држави е во Уставот. Грбот е опишан во Уставот, во законот над законите, рече денеска Сиљановска Давкова при посетата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

За државниот грб, Сиљановска вели дека тој има симболи кои што повеќе укажуваат на географијата отколку на нешто што било белег низ историјата. Вели дека има дилема околу моментот на отворањето на прашањето.

-Не негирам дека низ историјата, најприсутните симбол бил црвениот лав на златната основа, не го негирам тоа, го кажуваа тогаш и во Собрание, но, мојата дилема е дека секогаш почнуваме да разговараме за вакви етнички прашања и симболи, со таква страст тоа го правиме што не ни останува време за соочување со вистинските дилеми. Симболите би требало да обединуваат, а не разединуваат, кажа претседателката на државата.

Слични содржини