35
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила работна средба со министерот за правда, Игор Филков.
Двајцата соговорници рaзговарале за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.
На средбата биле разменети аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.
Претседателката и министерот се согласиле да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призма на правото и правдата.