Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера порача дека има план да ја убеди Грција дека, освен уставното име, државата може да употребува само Македонија.
„Планот е градење добрососедски односи. Планот нуди почит и бара почитување и мислам дека во политиката треба да ја бараме уметноста на можното, што ќе го направиме наскоро. Мојата прва изјава беше дека нема да одам низ светот, дека сакам да се сретнам со моите соседи и мислам дека тоа ќе го остварам. Секако дека треба да разговарате со сите околу вас, а ние немаме друг избор освен да разговараме“, рекла Сиљановска Давкова.
Дијалогот, посочува, е здрава работа и ако нема меѓусебно почитување, нема резултати.
„Политиката бара дијалог и јас сум подготвена на тоа за да се надминат проблемите“, додала таа.
Сиљаковска Давкова истакнала дека не очекува Грција веднаш да покрене постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за непочитување на Договорот од Преспа, откако ваквите најави се појавија во грчките медиуми.
„Во Договорот од Преспа има градација. Прво се посочува, се разговара, се упатува прашањето во ОН, а потоа се оди на суд. Судските пресуди треба да важат ерга омнес, но тоа не се случи во нашиот случај“, кажала шефицата на државата која за време на заклетвата ја нарече државата со старото уставно име, со што предизвика реакции од официјална Атина.