Силјановска нема да ги отстранува таблите со името „Северна“, но ќе употребува само Македонија

од Nikola Popovski

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова вчера порача дека доколку стане шефица на државата, ќе го почитува новото уставно име Република Северна Македонија, но нема да го употребува.

-Нема да ги тргам таблите пред институциите и на меѓународните конференции или во билатералните средби -далеку од тоа. Говорам за себе. Правото на самоопределување е и лично право. Ќе употребувам Македонија и никогаш нема да создадам конфузија бидејќи нема да правам дистинкција меѓу Република Јужна Македонија. Таква нема. Јас ќе си зборувам Македонија, македонски, македонско. Република Северна Македонија нека стои пред мене, сепак за мене тоа прашање никогаш нема да биде затворено. Не може никој мене да ми рече што ќе употребувам, тоа е сократовски. Лично нота од Грција не може да испратат за говор за право на мислење и слободно изразување. Спротивно, Грција нека направи нешто за да го спроведува Преспанскиот договор. Дали некаде во Грција пишува Северна Макдонија? Никаде, рече Силјановска во предизборниот дуел со противкандидатот Стево Пендаровски која вчера се одржа на ТВ Телма.

Пендаровски, пак, ѝ реплицираше дека е невозможно да не го употребува уставното име од говорницата во Обединетите нации, во ЕУ, НАТО и други меѓународни институции и дека тоа ќе доведе до исфрлање на државава од Алијансата.

-Јас најмалку ја употребувам „Северна“, ептен кога се мора, рече шефот на државата на тв дуелот.

Слични содржини