Силјановска: Оваа влада е изразито „машка“ и нема рамноправна застапеност на жените

од Aleksandar Petrovski
188 прегледи

Во овој дел од расправата се отвори и прашањето за родовата рамнопраност, откако пратеникот Скендер Реџепи од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива и порача на пратеничката на ДУИ Арта Биљали Зендели дека не сака да и реплицира затоа што е жена.

На тоа се надоврза и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, која рече дека  оваа влада е изразито „машка“ и дека нема рамноправна застапеност на жените.