Силјановска: Се повикувате на НАТО, но ја нема Шекеринска, неговата персонификација

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во своето излагање во Собранието денеска напомена дека оваа влада е во тешка легитимациска криза.

Оваа влада, како што рече, не може да наследи легитимет од претходна влада, бидејќи, според Силјановска, не си замина премиер и претседател на партијата заради нова функција или болест, туку заарди одговорност.

Второ, како што посочи, кога се конституирала владата, дел од неа беше и партијата БЕСА, сега како што рече Силјановска, има само еден „евро освестен“ пратеник.

Затоа, продолжи Силјановска, гласачите не се сега гласачи на оваа коалиција и затоа нејзиниот легитимитет е нагризен.

-Се прашувам што мислат граѓаните за учество на Алтернатива во владата. Исто така, министрите кои беа носители на кандидатските листи ги нема. Се повикувате на НАТО, но ја нема министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која беше персонификација на НАТО, не знам дали е разрешена или е од лични причини, рече пратеничката Силјановска Давкова.

Според неа, најголем удар на легитимет на оваа влада, беа локалните избори. По дефиниција, како што рече, оваа влада е нестабилна или ефемерна.

Слични содржини