Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе престојува во посета на Република Бугарија, најавија од нејзиниот кабинет.
Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко” од Џузепе Верди.
-Во рамки на 52. Мајски оперски вечери претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, при што ја потенцираше важноста и моќта на културната дипломатија, како нераскинлив дел од меѓународната дејност, стои во соопштението од кабинетот на претседателката.
Во соопштението од претседателството не стои дали во македонската делегација ќе биде и министерот за култура Зоран Љутков и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, иако претходно дел од медиумите објавија такви информации.