Сиљановска за суспендираните исплати од ИПАРД: Важно е да се однесуваме европски како добри домаќини кон средствата

-Злоупотребата не е европски чин, порача Сиљановска Давкова

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Фејсбук

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека последниот Извештај на Европската комисија за Македонија треба да биде „повеќе техничка слика и претстава“ бидејќи тие дијагностицираат и квалифицираат. Според шефицата на државата, секој Извештај не зборува за „евалуираниот туку и за креаторот“.

-Во извештаите за нас, доминира техничката димензија, но многу често, и овој пат, е присутна и политичката димензија. Технички може и да напредувате, ама политички може да сте блокирани. Техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма. Вториот елемент е проблематичен и според, рече меѓу другото Сиљановска, во рамките на работна посета на Општина Ресен.

Запрашана за случувањата со ИПАРД средствата и стопирањето на средствата за земјоделците, претседателката вели дека ИПАРД фондовите се многу важни и тоа е значаен проект за Македонија.

-Мислам дека европското однесување како добри домаќини кон средства е многу важно. Строго треба да се санкционира злоупотребата. Не е првпат да се соочиме со вакви нешта. Мора да се гарантира транспарентниот процес во користењето на средствата. Злоупотребата не е европски чин, додаде Сиљановска Давкова.