Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не сакаше да го открие името на предлогот за нов гувернер на Народната банка, но има свој кандидат.
-Не го кажувам името прво пред новинари, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено…Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш, рече денеска шефицата на државата.
Според Сиљановска Давкова, важно е кој ќе биде и заменик-гувернер.
Во среда ќе биде објавено името на новиот кандидат. Претседателката информира дека консултирала и експерти од областа.
Во игра се три имиња. Покрај актуелната гувернерка, Анита Ангеловска – Бежоска, се споменуваат и екс-министерот за финансии, Зоран Ставрески и актуелниот претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.