Дури 21 лице се повредени во силната експлозија на бензинска станица на истокот на италијанскиот главен град Рим, јавија светските новински агенции. За среќа, ниту еден од повредените не е во животна опасност, а поприлично тешки повреди задобило само едно лице.
Според пожарникарите, пожарот во населбата Пренестино избувнал откако дошло до експлозија во еден од резервоарите. Експлозијата се чула во целиот Рим.
Борбата со пожарот траеше со часови.