Силна експлозија: Обид за убиство на Зеленски за време на неговата посета на Херсон? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Русите се обиделе да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Херсон, тврди белорускиот портал „Некста“.

Зеленски на 8 јуни пристигна во Херсонската област за да ги посети поплавените подрачја по уривањето на браната Нова Каховка.

На првото видео што беше објавено, Зеленски може да се види како разговара со локалните жители кои се подготвуваат за евакуација. После тоа Зеленски замина во Миколаив, град кој исто така беше погоден од поплавите.

Но, веднаш по заминувањето на Зеленски и неговата делегација, улицата каде што стоеше со жителите стана цел на силно руско гранатирање, што сугерираше дека Русите знаеле дека Зеленски е таму и се обиделе да го убијат.

Слични содржини