Силни експлозии одекнаа утрово во Киев, а дваесетина минути претходно се огласија сирените за воздушен напад во градот и регионот, изјавија двајца очевидци за „Ројтерс“.
Олексиј Кулеба, гувернер на регионот Киев, рече дека системите за воздушна одбрана работат. Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко изјави дека се слушнале три експлозии.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека е погоден централниот градски округ Шевченковски.
Explosion in Kyiv. #Kyiv #UkraineRussiaWar #Ukraine #RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/hJxzQZIKk0
— Daria Matviichuk (@DariaMatviichuk) December 14, 2022
„Итните служби се на терен“, објави Кличко на Телеграм.
Две згради на градската јавна администрација се оштетени од „остаток од дрон“, соопшти градската управа во Киев.
„Украина утрово собори 10 ирански беспилотни летала“, изјави градоначалникот на Киев.
Тој додаде дека системите за противвоздушна одбрана ги погодиле беспилотните летала Шахед во раните утрински часови.
„Во регионот на Киев и над главниот град силите за противвоздушна одбрана соборија вкупно 10 беспилотни летала Шахед“, напиша Кличко на Телеграм.
Шефот на киевскиот регион Олексиј Кулеба предупреди дека воздушната закана не поминала.