Силни експлозии одекнуваат во Киев, САД ја затворија својата амбасада

од Nikola Popovski
386 прегледи

Серија експлозии утрово го потресоа Киев, а САД одлучија да ја затворат својата амбасада во главниот град на Украина во очекување на нов руски напад.

Началникот на градската воена управа Сергеј Попко изјави дека во Киев одекнале експлозии поврзани со работата на противвоздушната одбрана.

„Во главниот град има противвоздушна одбрана. Останете во засолништата додека не се огласат сирените за крај на воздушниот напад“, рекол тој.

Алармот за воздушен напад се огласи во Киев пред повеќе од два часа, а во околината на Киев пред повеќе од десет.

Украинските медиуми веќе објавија за низа експлозии во Киев, Бровари, Житомир, Полтава и Харковската област.

Американскиот Стејт департмент на социјалните мрежи предупреди дека американската амбасада во Киев ќе биде затворена на 20 ноември поради добивање „конкретни информации за потенцијален воздушен напад од големи размери“.

„Амбасадата на САД во Киев доби конкретни информации во врска со потенцијален воздушен напад од големи размери на 20 ноември. Амбасадата ќе биде затворена и на граѓаните на САД им се советува да бидат подготвени веднаш да се евакуираат во случај на предупредување за воздушен напад“, се вели во соопштението.

Слични содржини