Силно невреме и во Сараево (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Обилниот дожд попладне го зафати поголемиот дел од Босна и Херцеговина, а некои патишта во Сараево, особено подвозниците, беа поплавени.

Невремето придружено со силен дожд и ветер им создаде проблеми на возачите, јавуваат локалните медиуми.

Днеска силен дожд проследен со ветер ја погоди Хрватска и Србија.Голем број на сообраќајници, подрумски простории беа поплавени од силниот дожд.

Слични содржини