Силно невреме ја зафати Хрватска

од Stefanija Kuzmanovska
414 прегледи

Невремето со грмежи и врнежи, кое во следните часови треба да ја зафати целата територија на Хрватска, веќе пристигна во Истра.

Според тамошните медиуми, врне дожд и грми, а дува ветер со брзина од 20 километри на час. Радарската слика покажува дека невремето го зафатило западниот брег на Истра и северниот дел на Јадранот.

Од Хрватскиот хидрометеоролошки завод предупредуваат дека количината на врнежи треба да биде поголема од 30 мм, а веројатноста за појава на грмежи е над 75 отсто.

„Бидете подготвени за силни грмотевици кои можат да предизвикаат голема штета и заштитете се од гром. Можни се штети на имот и дрвја, локални поројни поплави, бурни налети на ветер и град, како и прекини во активностите на отворено и сообраќајот“, се наведува во соопштението.

Слични содржини