Невреме со грмотевици и силен дожд ја зафати Струмица и регионот.
Гром удри во куќа во селото Муртино околу 20:50 часот по што се запалила покривната конструкција, која по интервенција на пожарникарите е изгасната. Нема ранети и повредени, информираа од ТППЕ Струмица, од каде интервенирале со едно против пожарно возило и пет пожарникари по силното невреме кое го зафати Струмичко вечерва во 19:30 часот.
– Примена е барање од село Муртино дека гром удрил во покривна конструкција на куќа по што се запалиле гредите, а по нашата интервенција огнот е изгаснат. Покрај тоа, досега имаме три интервенции на испумпување на вода од поплавени дворови и подруми, а други јавувања од граѓаните засега нема, изјави Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.
По силното невреме во Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов вели дека сите екипи се на терен и Комуналец и ТППЕ Струмица, а истакна и дека и општинската администрација, советниците и тој излегуваат во пресрет.
-Јас сум толерантен и трпелив човек, но запрепастен сум од фејсбук хероите кои кројат дневно партиски ставови триејки раце од невремето.
Мене не ме интересира чиј подрум е поплавен, мене не ме интересира која партија се луѓето кои се поплавени, јас не се радувам со невремето, јас сум градоначалник и нивни но и ваш кои се ситите на несреќата на луѓето.
И вас ќе ве разберам и ќе ви простам ама нека ви е срам и арам за се што правите.
Заедно со мојот тим како и сите други проблеми, во сите овие кризи излегуваме и ќе излегуваме во пресрет на сите и на неопределените и на партиски определените.
Прости ми Струмицо што два дена едно по друго не зафати невреме…, напиша градоначалникот на фејсбук.