На Блакнот присутно силно невреме а на Јадранот пристигна една од најсилните бури, која донесе црвен аларм и нанесе големи материјални штети.

Поради силен ветер неколку автомобили и камиони се превртени, а бурата оштети и билборди. Едно училиште остана без кров, а децата се евакуирани. Официјалните лица се уште не јавуваат за човечки жртви.Силното невреме предизвикало големи проблеми и со електричната енергија. Во Задар половина час по полноќ пожарникарите имале полни раце работа, бидејќи многу од дрвјата во градот и надвор од него биле искршени. Поради оштетување на патната сигнализација на патниот правец Солин-Клиш се превртел камион, по што е запрен сообраќајот во дој дел од земјата. Невремето предизвикало големи проблеми и во Ријека. Силниот ветер ја откорнал фасадата на едно основно училиште и на неколку згради. На удар на циклонот „Реа“ се најде и макарската ривиера, каде ветрот дувал со брзина и до 130 километри на час, а наврнале 17 литри дожд на метар квадратен во последните 12 часа.

Голем број граѓани во Црна Гора се отсечени поради силното невреме кое вчера го зафати целиот Балкан. Циклонот „Реа “предизвика огромни штети и проблеми во сообраќајот. Дел од државата е поплавен а во останатиот дел поради обилни снежни врнежи, голем број граѓани се отсечени, а болните и децата се евакуираат
Снежното невреме не ја одмина и Србија. Поради обилниот снег два далекуводи во Златибор остана без електрична енергија. Неколку села во околината се целосно отсечени , каде наврнале и до 30 сантиметри снег. Критична е состојбата и во околината на Ваљево, каде се очекува водостојот на реката Кулубара да достигне и до 2 метра. По целиот тек на реката Морава е прогласена вонредна состојба.
Според временската прогноза од дежурните центри на балканот, невремето нема да стивне ниту за викендот.