СИЛНО НЕВРЕМЕ помина низ Белград: Откорнати дрвја, ветерот однел покриви и огради! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
570 прегледи

Силно невреме пропратено со силен ветер и град денеска нешто по 14 часот го зафатило Белград. Без струја останале одредени делови од населбите Земун и Баново Брдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Во некои делови од градот паднатите дрвја го попречуваат сообраќајот, а на некои раскрсници не работат семафорите.

Голем град паднал на Ада Циганлија.

Неколку улици во Нов Белград се поплавени со големо количество вода која за кратко време паднала, поради што некои автомобили се заглавиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, пред почетокот на невремето, по предупредувањето од Републичкиот хидрометеоролошки завод упаил апел до жителите да не ги напуштаат домовите, само доколку е апсолутно неопходно.

Тој исто така побарал од своите сограѓани да внимаваат на работите што ги имаат на терасите, рамните покриви и навреме да ги обезбедат и отстранат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Шапиќ исто така наредил зголемен ангажман на целокупниот комунален систем на градот и општинските штабови за вонредни ситуации.

Невремето во Белград траело помалку од половина час.

РХМЗ најави обилни врнежи за попладневниот период и за ноќта што претстои.

Слични содржини