Силно невреме во Хрватска, поплави и паднати стебла

од desk2
116 прегледи

Во Хрватска стигна најавеното невреме, со дожд кој обилно паѓаше, а некаде предизвика и поплави, јави index.hr.


На подрачјето на Дубровник, вертот корнеше стебла, а сообраќајот на некои сообраќајници е во прекин поради поплави.

„Во текот на денот и ноќта примени се повеќе дојави од граѓани поради одрон на Јадранската магистрала, искорнати се стебла, скршени гранки и соборени столбови, што се последица на бурниот ветар и дождор. Имаше дојави и за пожари на бандерите, па некаде немаше струја“, се доава во соопштението.

Медиумите од Далмација јавуваат дека морето се излевало во Сплит преку ниските делови на брегот, а на некои места само на неколку метри се приближило до ДИоклецијаовата палата.

Се додава и дека црвен аларм е прогласен за цел Јадран, Лика и Далмација.