Силно невреме попладнево ја погоди скопската котлина, како и неколку населби во главниот град.
Центар, Аеродром и Кисела Вода се најзафатени од невремето, проследно со пороен дожд, град и силен ветер.
Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Засега нема информации за предизвикани штети од невремето.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека на повеќе места во земјава е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во моментов јадра со поизразена нестабилност има околу Штип, Велес, Демир Хисар, Св. Николе и Скопје.
-Нестабилна облачна маса се спушта од север кон скопската котлина и се очекува на повеќе места во градот и околината да има интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град, велат од ЦУК.