Швајцарија, дел од Германија и истокот на Франција беа погодени од силно невреме, со обилни дождови, кои парализираа дел од сообраќајот во Штутгарт, соопштија во вторникот локалните власти.
Засега нема податоци за можни жртви во Германија, додека пет лица беа повредени во Швајцарија.
Во францускиот регион, регионот Восгес исто така беше погоден од невреме во вторникот. Водата ги преплави подрумите, а дел од куќите останаа без електрична енергија откако ветерот ги оштети далноводите.
Француската метеоролошка служба издаде предупредувања за бура за целиот североисток на земјата, односно за 54 подрачја, а засега нема податоци за повредени во Франција, пренесува порталот „Индекс“.
Грмотевици, силен ветер и град ја погодија Швајцарија во понеделникот вечерта, а пожарникарите и полицијата интервенираа 300 пати во кантонот Фрибург.
Грмотевици и обилни дождови, кои ги погодија јужните и западните делови на Германија во понеделникот вечерта, предизвикаа низа инциденти поради кои противпожарните служби интервенираа цела ноќ.
Некои села беа поплавени, како Мемлинген кај Франкфурт, во провинцијата Хесен, каде улиците се под вода, а подрумите на куќите се покриени со кал, пренесува АП, повикувајќи се на германската агенција ДПА.
Во Штутгарт силен ветер ги искина статуите од Оперската куќа и го оддува покривот, а некои делови од сцената беа поплавени.
Како што се наведува, во моментот на невремето, на концертот присуствувале околу 250 лица, но никој не бил повреден.
До вторникот наутро, 330 лица се јавиле во спасувачките екипи, а железничкиот сообраќај бил во прекин.
Пожарникарите интервенираа и за отстранување на паднатите дрвја.
Во Штутгарт се поплавени неколку тунели на подземната железница во предградијата, што предизвика делумно запирање на сообраќајот, објави полицијата на градот на југозападот од земјата.
Провинцијата Баден-Виртемберг, каде што се наоѓа Штутгарт, како и провинциите Баварија и Хесен, претрпеа најмногу дожд, а забележани се и многу сообраќајни несреќи, јави „Танјуг“.